Македонија денеска во Брисел го потпиша протоколот за пристапување кон НАТО, со што си го отвори патот да стане 30. членка на најголемата светска воена алијанса. Се очекува тоа да стане официјално на крајот на оваа година или во почетокот на 2020.
- По 27-годишната блокада од страна на Грција, на Македонија ѝ се отворија вратите на НАТО со потпишувањето на Договорот од Преспа, кој потоа беше ратификуван во парламентите во Скопје и Атина.
- Во присуство на министерот за надворешни работи Никола Димитров, претставниците на 29-те земји членки на НАТО денеска го потпишаа протоколот за пристапување на Македонија.
- Протоколот сега треба да биде ратификуван во парламентите на земјите членки на НАТО и најавено е дека токму Грција прва ќе го направи тоа, в петок.
- Од тој момент, новото име на Македонија ќе биде Република Северна Македонија, под кое ќе биде примена во НАТО.
- Македонија може да стане полноправна членка најрано во декември, кога во Лондон треба да се одржи самит на НАТО.
- „Сигурен сум дека овој процес ќе тече мазно“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.