НАЈВИСОКИТЕ ЗГРАДИ ВО ИЗГРАДБА НИЗ СВЕТОТ

Њујорк, (Курбд)

Френк Лојд Рајт имал визија да изгради облакодер висок еден и пол километар. Наречен Илиној“, тој би се наоѓал на крајбрежјето на езерото Мичиген во Чикаго и овој гигант од зграда би работел со помош на атомски лифтови.

Сегашната трка за изградба на панорами низ светот е јасен симбол дека визијата на Рајт од 50-ите години на минатиот век е на пат да стане реалност. Сепак, од десетте највисоки згради кои моментално се градат низ светот ниту една не е во Северна Америка, а седум од нив ја надминуваат височината на некогашните кули близначки.

Џеда кула (Саудиска Арабија, 1.000 метри)

Овој облакодер ќе биде првиот што ќе ја достигне целта од еден километар. Неговата изградба е финансирана од милијардерот од Саудиска Арабија, принцот Алвалид бин Талал и е дизајниран од Адријан Смит, авторот на Бурџ Калифа и Хенкок центар. Тој треба да биде отворен во 2020 година.

Вухан гринленд центар (Вухан, Кина, 636 метри)

Уште еден проект надгледуван од Адријан Смит и неговото студио „Гордон Гил архитектура“. Во изградба во централна Кина, тој нуди уникатен заоблен профил. Оваа структура ќе има големи ходници и агли, дизајнирани со заоблено стакло, што ќе ѝ дадат еден течен профил на зградата. Исто така, ќе има и клуб за приватни членови.

Мердека (Куала Лумпур, Малезија, 630 метри)

Авторите на оваа кристална кула се надеваат дека таа ќе стане симбол на градот исто како кулите Петронас.

Пинг Ан финансиски центар (Шенџен, Кина, 598 метри)

Дизајниран од Кон Педерсен Фокс, овој голем облакодер еден период се градеше со брзина од еден спрат на секои четири дена. Направен од камен и стакло, неговото отворање во меѓувреме се одложуваше, но се очекува да биде завршен годинава.

Голдин фајненс (Тијанџин, Кина, 596 метри)

Ова здание ќе биде трето по височина во државата и ќе служи како пример за неуморното темпо за изградба на облакодери во Кина. Ќе има уникатни темел и структура, вклучувајќи тесни столбови од еден метар во дијаметар, закопани сто метри под земја.