Во светот на теренците се води интересна и неизвесна борба кој го има најбрзиот модел.
Титулата повторно ја презеде „Бентли“, кој вели дека неговиот нов СУВ „бентајага спид“ може да постигне брзина од 305 километри на час, што е доволно да го симне од врвот „ламоргини урус“, кој може да развие максимални 303 км/час.
„Ја враќаме титулата на најбрз светски теренец“, објави британската автокомпанија.
Почетната цена и на двата луксузни теренци е 200.000 долари.
„Бентли“ и претходно го имаше најбрзиот теренец на пазарот, но падна на второто место со појавата на „урус“ минатата година. Првичната верзија на „бентајага“ одеше до 299 километри на час. „Бентли“ додаде дополнителни 26 коњски сили за да го добие „бентајага спид“ од 626 коњски сили, кој до 100 км/час забрзува за 3,9 секунди. Двата модела инаку се опремени со ист, битурбо 6.0 В12 мотор.