По повеќе од две децении, еден од омилените македонски рок бендови „Ласт експедишн“ објави нова песна.
Дека ќе има нешто ново, групата во текот на денот најави на својата страница на Фејсбук, за потоа на Јутјуб да го објави спотот за песната „Хеј хо“ (Hey Ho), за која музика и текст напиша фронтменот Енис Хаџиќ-Енко. Тоа е прва оригинална песна на бендот од објавувањето на неговиот трет албум „Бокс“ во 1997 година.
„Ласт експедишн“, кои се прославија во првата половина од 1990-ите години, неколку пати најавуваа свои настапи како проштални, но продолжуваа да бидат присутни на домашната музичка сцена.