ПАРИЗ, ХОНГ КОНГ И СИНГАПУР ПРОГЛАСЕНИ ЗА НАЈСКАПИ ГРАДОВИ НА СВЕТОТ

Париз, (Би-Би-Си)

Париз се најде на врвот на годишната листа на најскапите градови на светот, заедно со Хонг Конг и Сингапур. Ова е првпат во 30-годишното истражување на „Економист интелиџенс јунит“ три града да го делат првото место, откако биле споредени цените во 133 градови низ цел свет.

Париз, кој лани беше втор, е еден од четирите европски градови во топ-10.

„Париз се наоѓа меѓу десетте најскапи градови на светот од 2003 година. Таму е екстремно скапо да се живее. Единствено цените на цигарите, алкохолот и на јавниот превоз се слични со оние во другите европски градови“, вели авторката на извештајот Роксана Славчева.

Така, на пример, просечна цена на женска фризура во Париз изнесува 120 долари, наспроти 74 долари во Цирих, односно 53,5 во Осака.

„Европските градови се најскапи во неколку категории, како домување, лична нега, рекреација и забава и Париз е добар пример за ова“, додава Славчева.

Листата на најевтините градови ја предводи Каракас, пред Дамаск, Ташкент, Алмати и Бангалор.

Десетте најскапи градови на светот:

1. Сингапур / Париз / Хонг Конг

4. Цирих

5. Женева / Осака

7. Сеул / Копенхаген / Њујорк

10. Тел Авив / Лос Анџелес