Аристократско семејство од Италија го продава својот приватен остров кај Сицилија за многу помала сума од цената на една вила во Тоскана или апартман на Менхетн.
Островот на жените во близина на Палермо се продава за нешто повеќе од милион евра. Ненаселениот остров, на кој има само разурната кула од 17. век, го продава семејство, кое, како и многу други во Италија, се мачи да ги покрие трошоците за одржување на имотот, што го поседува со векови.
Островот првично се продаваше за многу повисока сума, но семејството мораше да ја спушти цената, бидејќи немаше понуди.
„Цената првично беше 3,5 милиони евра, но бидејќи никој не се јави, ја спуштивме до флексибилна сума меѓу еден и три милиони евра, а отворени сме и за спогодби. Ќе бидеме многу заинтересирани за понуда близу два милиони“, вели агентот за недвижности Рикардо Ромолини.