Пијанистката Дуња Иванова вечерва (20 часот) ќе одржи концерт во Музејот на македонска борба, со дела од современиот француски композитор Јан Тирсен. На програмата е музиката на Тирсен напишана за филмовите „Чудесната судбина на Амелија Пулен“ и „Збогум, Ленин!“, како и композиции од негови албуми.
Во Музејот е поставена и изложбата „Скопје на штипка“ на фоторепортерот Дарко Попов, чиј објектив сведочи за урбано и суптилно Скопје.
Двата настани се дел од програмата за култура на Град Скопје за 2019, а се реализираат со поддршка на „Слобода филм“, „Минимал“, Сојузот на композитори на Македонија и Музејот на македонска борба. Влезот е слободен.