ДАНСКИ АРХИТЕКТ СМЕТА ДЕКА ОКЕАНСКИ ГРАДОВИ СЕ СПАС ОД ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ

Њујорк, (Дезин)

Данско-американската архитектонска фирма БИГ дизајнираше концепт на пловечки град за 10.000 жители, со кој може да им се помогне на местата кои се најзагрозени од глобалното затоплување. Основачот на БИГ, Бјарке Ингелс, ги претстави плановите на тркалезна маса во Обединети нации во Њујорк.

Наречен Океански град, концептот се состои од острови, при што шест групи формираат едно село од 12 хектари за 1.650 жители, за така да се направи архипелаг за 10.000 жители.

Фото: БИГ

„Целта на Океанскиот град е да обезбеди средина за убав живот подалеку од брегот, во време кога се качува нивото на морињата. Се очекува до 2050 да бидат уништени 90 отсто од крајбрежните градови во светот“, вели Ингелс.

Секој од објектите ќе биде изграден на копно и потоа донесен во морето. Минијатурните острови се така дизајнирани да можат да преживеат ураган од петта категорија. Тие, исто така, ќе бидат флексибилни, за да се поместат ако нивото на морето стане премногу ниско. Вметнати се и повеќе обновлови извори на енергија, како турбини за ветер и вода и соларни панели.

(Фото: БИГ)

„Не ни е идејата да претставиме дека во иднина сите ќе живееме во море. Тоа нема да биде воден свет. Ова едноставно е поинаква форма на живеење“, вели Ингелс.

Американскиот партнер на БИГ, Марк Колинс Чен, вели дека нивните планови се Океанскиот град првично да се изгради во Ист Ривер во Њујорк.