КАЛИНА МАЛЕСКА ЈА ПРОМОВИРА СВОЈАТА ПРВА КНИГА ЗА ДЕЦА „АРНО АМА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 19 часот, во театарот „Сенки и облаци” во скопско Дебар Маало ќе биде промовирана книгата за деца „Арно ама“ од Калина Малеска, во издание на „Или-или“.

„Арно ама” е збирка раскази во кои протагонисти се две братчиња, Дамјан и Марко, и нивните другарчиња од населбата во која живеат. Иако секој расказ е завршена целина, со оглед на тоа дека дејството се одвива хронолошки во текот на една година, книгата истовремено може да се чита и како роман. Во книгата има и илустрации од Владимир Лукаш.

Ова е првата книга за деца на Малеска, која досега ги има објавено збирките раскази „Недоразбирања“, „Именување на инсектот“ и „Мојот непријател Итар Пејо“, романите „Бруно и боите“ и „Призраци со срмени нишки“, како и драмата „Случка меѓу настани“.