ПРЕТСТАВИ НА ДАНЧЕВСКА И СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР ВЕЧЕРВА ВО „СЕКТОР“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во рамките на 15. Танц фест Скопје, вечерва од 21 часот во ноќниот клуб „Сектор 909“ ќе се изведат две претстави, „Скеч“ во кореографија на Адријана Данчевска и „Д.О.Л.“ на Скопје танцов театар. Данчевска е еден од првите млади кореографи на СТТ, работи како танчарка и кореографка во СТТ воден од Рисима Рисимкин и е стручен соработник на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.

Во „Скеч“, за која музика направи Александар Гроздановски, играат Тереза Лазарев, Јасмин Систи, Сара Цветковска, Нил Хохенер, Дејан Битровски, Јована Зајкова и Данчевска. Претставата е во продукција на танцовата академија Кодартс од Ротердам.

„Д.О.Л“ е работена по кореографија на Данчевска и танчарите, на музика на Гроздановски, со костими на Благој Мицевски, а играат Александра Петрушевска, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Бобан Русески, Тереза Лазарев и Исидора Краљевска. Претставата премиерно беше изведена лани на отворањето на Танц фест.

Влезот е слободен.