„Соулфлај“, американската метал група предводена од поранешниот фронтмен на „Сепултура“ Макс Кавалера, повторно доаѓа во Македонија. Во рамките на 21. издание на фестивалот „Таксират“, таа ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје на 5 август, во рамките на турнејата што го следи издавањето на 11. студиски албум „Ритуал“.
Макс Кавалера го формираше „Соулфлај“ во 1997 година по неговото заминување од култниот бразилски бенд „Сепултура“. Ова ќе биде негов трет настап во Скопје, но прв по пауза од 16 години. Тапани во групата свири синот на Кавалера, Зион.
Картите по промотивна цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба в понеделник, а потоа ќе чинат 850, односно 1.000 денари.
Г. КОНЕВ