Следниот проект на Џорџ РР Мартин, авторот на „Игра на тронови“ не е книга, туку видеоигра. Насловена „Elden Ring“, таа ќе биде мрачна фантазија и Мартин ќе ја работи заедно со „ФромСофтвер“, јапонска компанија која дизајнираше некои од најпопуларните игри во изминатите години.
„Elden Ring“ беше најавена со краток трејлер за време на конвенцијата Е3 во Лос Анџелес, но од него не можеше многу да се открие.
Директорот на „ФромСофвтвер“ Хидетака Мијазаки вели дека играта се развива со години, но дека „им претстои уште многу работа“.
„Соработката со Мартин почна така што авторот ни даде идеи базирани на темата и првичните идеи на играта и потоа се разви цел свет со интересни ликови, драма и мистични и мистериозни елементи“, рече Мијазаки, најавувајќи дека играта треба да излезе на крајот на 2020.