Триесетгодишен фан на Марвел од Флорида тврди дека заслужил место во Гинисова книга на рекорди откако преку 110 пати го изгледал „Одмаздници: завршница“ и засега не планира да запре.
Огустин Аланис од Ривервју веќе 116 пати бил во кино за да го гледа четвртиот дел на „Одмаздници“, со што веќе го надмина рекордот на Ентони Мичел, кој 103 пати го гледал „Војна на бесконечноста“ во кино во Шарлот. Аланис планира да го гледа филмот повеќе од 200 пати.
„За викенди одам двапати, и сабота и недела, односно четири-пет пати неделно, што е најмногу што можам, бидејќи филмот трае три часа и две минути“, вели Аланис.
Иако работи како супервизор во семејната градежна фирма, тој досега поминал повеќе од 40 денови во гледање на филмот. Тој ја почнал својата мисија во април, веднаш кога излезе филмот.
„За првиот викенд купив карти за пет проекции за да не утнам нешто случајно. Потоа почнав да одам секој ден и откако видов како филмот соборува рекорди, решив и јас да го направам тоа“, вели Аланис, кој редовно на Твитер ги документира своите посети на кино.