Концертот на „Загребачки квартет“ од Хрватска и изложбата „Разоткривање“ на Владимир Лалиќ од Белград се вечерва на програмата на Скопско лето.
Концертот на квартетот кој слави 100 години постоење е најавен за 20 часот во Музејот на македонска борба. Членови на составот се Mартин Крпан и Давор Филипс на виолина, Хрвоје Филипс на виола и Мартин Јордан на виолончело.
Изложбата на Лалиќ ќе се отвори во 21 часот во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ).
„’Разоткривање’ нѐ носи низ различни имагинарни содржини на непознатото. Акцентот е ставен на бесмисленото талкање на современиот човек во денешно време. Сите цртежи на еден начин претставуваат загатки, кои се мешаат со одреденото и неодреденото“, велат организаторите на изложбата, „ЗГ Доминиум културно јадро“ и Музејот на Град Скопје.