Новата уметничка директорка на „Шанел“ Виржини Вијар ги спои световите на славните дизајнери Коко Шанел и Карл Лагерфелд на ревијата за висока мода во Париз.
За својата прва ревија откако го наследи Лагерфелд, кој почина во февруари, таа се инспирираше од нивната пасија за книги. Внатрешноста на Гран Пале, омилената локација на германскиот дизајнер, Вијар ја претвори во библиотека на два спрата, во која имаше томови од француски класици, како Бодлер. Педесет и седумгодишната дизајнерка беше долгогодишна соработничка на Лагерфелд.
„Жената која денеска ни ја претстави Виржини е поетична и моќна во исто време. Таа создава навистина андрогени силуети, но кои се многу женствени“, рече француско-шпанската актерка Астрид Берже-Фрисби.