Шеесет и деветгодишниот легендарен музичар Стиви Вондер на концертот во Лондон објави дека ќе паузира од настапи бидејќи есенва ќе му биде направена трансплантација на бубрег.
Тој го објави ова јавно за да ги спречи шпекулациите, како и за да ги увери фановите дека ќе биде добро.
„Ќе одржам уште три концерти и потоа ќе земам одмор. Ме чека операција. Ќе имам трансплантација на бубрег на крајот од септември“, изјави музичарот.
Тој додаде дека има најдено донор и дека сѐ ќе биде добро, по што доби овации од стотиците гости на концертот.