КОНЦЕРТ СО КЛАСИЦИ И ЕВЕРГРИНИ ВЕЧЕРВА НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва на Скопско лето, од 20.30 часот, во Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи гала концерт на камерниот оркестар „Скопски солисти“, насловен „Од класика до евергрин“. Ќе диригира Иван Еминовиќ, а солисти се Наде Талевска-Спасовска – сопран и Горан Наумовски – естраден уметник. Уметнички раководител е проф. м-р Васил Атанасов.

Билетите по цена од 200 денари се продаваат на www.mktickets.mk и во НОБ.

Во 21 часот, во Сули ан ќе има проекција на филмот „Хотел Гагарин“.