Џорџ РР Мартин откри дека во новата приквел серија на „Игра на тронови“ ќе има помалку змејови, но ќе има мамути и Бели шетачи, а ќе се појави и семејството Старк.
Серијата, која моментално се снима во Северна Ирска, ќе се случува илјадници години пред дејството во „Игра на тронови“, а дел од актерската екипа ќе бидат Наоми Вотс и Миранда Ричардсон.
Мартин вели дека серијата ќе го прикаже Вестерос како многу поразлично место, без Кингс лендинг, Железниот трон и Таргарјени, а во тоа време уште ги нема ни Ланистери.
„Вестерос од пред 5.000 години е поделен на 100 различни територии. Валирија со нејзините змејови само што почна да се развива во голема империја каква што ја знаеме. Белите шетачи несомнено ќе бидат во серијата, исто како и мамути и други исчезнати животни. Серијата ќе се случува пред Ланистери и друго семејство ќе живее во градот што тие го имаат окупирано во ‘Игра на тронови‘“, вели Мартин.
Тој моментално ја пишува „Ветрови на зимата“, шеста книга од серијалот „Песна за мраз и оган“ и вети дека ќе ја доврши до летото 2020.