ФОТОГРАФИИТЕ НА ДРНКОВ ЗА СЕЛСКИОТ ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕТВОРЕНИ ВО СЛИКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Музејот на Северна Македонија вечерва во 20 часот ќе се отвори изложбата „Преобоени фотографии“. Ќе се изложат десет слики на кои е прикажан секојдневниот селски живот во Македонија во минатиот век, изработени во комбинација од акрил, сув пастел, маркери и туш.

„Целта на оваа серија слики е да се даде нова димензија на старите црно-бели фотографии кои се наоѓаат во колекцијата на нашиот Музеј, но и да ги потсети посетителите на длабокото народно богатство на селскиот живот во Македонија, кое е зачувано преку фотографиите на Благоја Дрнков“, велат од Музејот.

Автор на изложбата е етнологот Владимир Благојевиќ.