Влатко Стефановски, Биља Крстиќ, Танос Ставридис и „Биг бенд“ вечерва од 20 часот ќе одржат концерт во Градски парк на „Школка“ на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
„26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент од животот на Скопје. Но, тоа е и ден кога треба да ги славиме животот и хуманоста. Никако не треба да ја заборавиме светската мобилизација за помош на Скопје и на неговите жители. И по 56 години, важно е да се чествува овој ден и сите да се потсетиме на тоа што се случило. Овој ден не го нарекуваме прослава, ниту чествување. 26 јули е ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден на сеќавање на сите кои не се повеќе со нас“, велат од Град Скопје.
Македонскиот гитарски виртуоз вечерва ќе го придружуваат грчкиот музичар Танос Ставридис и српската пејачка Биља Крстиќ.