КАНАДА Е ЛИДЕР ВО ИЗГРАДБА НА ПОЕКОЛОШКИ ДРВЕНИ ЗГРАДИ И СВЕТОТ ПОЧНУВА ДА ЈА СЛЕДИ

Ванкувер, (Гардијан)

Осумнаесеткатницата „Брок комонс“ во Ванкувер своевремено беше највисоката дрвена зграда на светот. Таа беше изградена побрзо и поевтино од сличните челични и бетонски згради и со помало влијание врз околината, при што неутрализира 2.432 метрички тони јаглероден диоксид.

Ванкувер сега ги објави плановите за изградба на уште повисок облакодер, „Canada Earth Tower“, кој би имал 40 спратови и би бил највисока дрвена зграда на светот. Тој ќе има 200 станови, надворешна градина на секој трет спрат и деловен простор.

„Canada Earth Tower“ во Ванкувер ќе има 40 спратови

Канада е светски лидер во изградба на дрвени згради и речиси 500 вакви објекти со средна големина се во различна фаза од комплетирање низ земјата.

Потезите на Канада ги следат и други држави низ светот. И САД и Кина ги променија своите градежни правила поради Канада“, вели архитектот од Ванкувер Мајкл Грин.

Токио до 2024 треба да добие дрвен облакодер од 70 спратови

Канада може да си го дозволи ова, бидејќи располага со речиси 350 милиони хектари шума, особено во Британска Колумбија и оваа провинција засега ги одбива повиците за воведување мораториум на сеча на стари дрвја.

Наспроти погрешните сфаќања дека дрвото е подложно на оган и нестабилно, тоа се покажа како цврст и иновативен градежен материјал. Дрвените облакодери се градат така што вертикални ленти дрво се лепат една за друга за да се добијат цврсти греди и оваа техника е швајцарски изум. До 2024 година, во Токио со помош на оваа техника треба да се изгради дрвен облакодер од 70 спратови.

Ова е прв нов начин на изградба на облакодери во последните 100 години“, вели Грин.