Скарлет Јохансон втора година по ред ја предводи листата на најплатени актерки на светот, што ја прави магазинот „Форбс“, но севкупно, таа е само осми најплатен актер.
Триесет и четиригодишната ѕвезда на серијалот „Одмаздници“ остварила заработка од 56 милиони долари во периодот јуни 2018-јуни 2019, што ја пласира под Адам Сендлер. Благодарение на улогата на Блек Видоу, нејзината заработка се зголемила за 15,5 милиони долари во однос на претходното рангирање, кога исто така беше на врвот.
ТВ-ѕвездата Софија Вергара со заработени 44,1 милион долари е единствената друга жена која влегува во севкупниот топ-10 на најплатени актери.
Претходно оваа недела беше објавено дека Двејн Џонсон е најплатен актер на светот со приход од 89,4 милиони долари.
Сите актерки од топ-10 имаат заработено повеќе од 20 милиони долари, додека лани имало само две такви.
ДЕСЕТТЕ НАЈПЛАТЕНИ АКТЕРКИ НА СВЕТОТ
- Скарлет Јохансон – 56 милиони долари
- Софија Вергара – 44,1
- Риз Витерспун – 35
- Никол Кидман – 34
- Џенифер Анистон – 28
- Кејли Куоко – 25
- Елизабет Мос – 24
- Марго Роби – 23,5
- Шарлиз Терон – 23
- Елен Помпео – 22