Скарлет Јохансон, Мерил Стрип, Лив Тајлер, Моника Белучи, Кејт Бланшет и Бред Пит се дел од холивудските ѕвезди кои изминативе денови се појавија на црвениот килим на Венецискиот филмски фестивал.
Ѕвездите ги промовираат своите нови филмови на 76. издание на најстариот европски филмски фестивал, кој почна на 28 август и трае до 7 септември.