ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ДОЈДЕ СО 10.000 ДОЛАРИ НА ПРЕМИЕРАТА НА СВОЈОТ НОВ ФИЛМ ВО ТОРОНТО

Торонто, (Би-Би-Си)

Џенифер Лопез блесна на вчерашната премиера на својот нов филм „Hustlers“ на филмскиот фестивал во Торонто и вели дека играњето на шипка ѝ била една од најтешките работи што морала да ги научи за улога.

Лопез, која неодамна наполни 50 години, се појави на црвениот килим во жолт фустан на модната куќа „Мезон Јеја“ од Дубаи, а освен со скратената коса, таа привлече внимание и со необичната рачна чанта.

(Фото: Шатерсток)

Дело на дизајнерката Џудит Либер, чантата декорирана со кристали има изглед на куп книжни пари во вредност од 10.000 долари. Истата чанта во филмот ја носи ликот на Лопез, Рамона, која е стриптизета, а нејзината вистинска цена е 5.695 долари.

Кога ја добив улогата, си реков ‘супер, сега ќе научам и да играм на шипка, ќе биде забавно‘, но потоа сфатив дека тоа е навистина тешко. Иако имав искуство како танчарка, ова е нешто сосема различно и ми остави многу модринки на телото. Среќа што имав одлична учителка“, изјави Лопез.