ДЕВОЈЧЕ БЕЗ НОЗЕ НАСТАПИ КАКО МОДЕЛ НА МОДНАТА НЕДЕЛА ВО ЊУЈОРК

Њујорк, (Би-Би-Си)

Деветгодишен модел на кој му биле ампутирани двете нозе уште како бебе зеде учество на ревија за време на Модната недела во Њујорк.

Дејзи-Меј Деметре од Бирмингем е првото дете без нозе кое официјално било дел од еден од најпрестижните настани во светот на модата.

Дејзи е родена со состојба наречена фибуларна хемимелија (Фото: Гети)

Дејзи беше неверојатна. Сите сме многу горди на неа“, изјави нејзиниот татко Алекс.

Таа носеше креации на францускиот бренд „Лулу ет Жижи“ и следниот месец ќе учествува на ревијата што ќе се одржи на врвот на Ајфелова кула во рамките на Париската модна недела.

Дејзи е родена со фибуларна хемимелија, состојба во која потколеничната коска недостига делумно или во целост. Таа дебитирала како модел лани, а за Модната недела во Њујорк добила покана откако била забележана на Модната недела за деца во Лондон.