НЕМА РАЗЛИКИ И ГОЛЕМИНИ, СИТЕ ЖЕНИ СЕ УБАВИ, ВЕЛИ СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ЗА НОВАТА МОДНА ЛИНИЈА

Њујорк, (АП)

Три дена откако изгуби во финалето на Отвореното првенство на САД, Серена Вилијамс се пресели од тениските терени на модната писта за да ја промовира новата колекција од нејзиниот моден бренд „Ес“.

Таа се поклони на крајот од ревијата заедно со нејзината двегодишна ќерка Олимпија. Тениската ѕвезда во публиката собра познати личности, како Ана Винтур, Ким Кардашијан и основачката на #MeToo движењето Тарана Бурк.

(Фото: АП)

Еден од највпечатливите моменти на ревијата беше кога се појавија манекенки во иста облека, од кои една со облини, испраќајќи моќна порака за различностите на телата.

„Мојата цел беше да ги прикажам не само различностите на бои и големини, туку едноставно дека сите жени се убави“, рече Вилијамс.