Британската актерска легенда Хелен Мирен одржа лекција по стил и однесување кога ненајавено се појави на ревијата на Викторија Бекам на Лондонската модна недела, воодушевувајќи ја и самата дизајнерка.
Со безвременски и, истовремено, трендовски изглед, 74-годишната оскаровка од прв ред ја проследи новата пролетна колекција на Бекам и не криеше колку ужива.
Во видео објавено на Инстаграм, Бекам призна дека појавувањето на Мирен бил голем момент за неа и за нејзиниот моден бренд.
„Дамата Хелен Мирен беше на моето шоу! Тоа е голем момент и тоа не го кажувам често. Навистина не знам што да кажам. Почестена сум што на неа ѝ се допаѓа тоа што го правам и што дојде да ме поддржи“, кажа Бекам, опишувајќи ја Мирен како „совршена Викторија Бекам жена“.
Таа доби поддршка и од своето семејство, па на ревијата дојдоа и сопругот Дејвид и децата Бруклин, Ромео, Круз и Харпер.