Еколошка мода и рециклирачки материјали наместо производи кои придонесуваат за уништувањето на природата и животните се во фокусот на најпознатите светски модни куќи и дизајнери на Модната недела во Милано, која почна во понеделникот.
„Бенетон“ се претстави со мантил изработен од хартија, а „Гучи“ објави дека постигнал јаглеродна неутралност во својот ланец на снабдување.
„Мантилот не може да се пере во машина, но може да се носи со месеци“, изјавија од „Бенетон“.
Модниот свет со нетрпение ги очекува Зелените модни награди, свеченост во оскаровски стил за одржлива мода, што ќе се одржи в недела во миланска Скала. На гала-вечерта ќе бидат наградени најеколошките компании во модната индустрија, која е една од индустриите кои најмногу влијаат врз загадувањето во светот.