НОВАТА СЕРИЈА ЗА ЖАН-ЛУК ПИКАРД ДОБИ ТРЕЈЛЕР И ДАТУМ НА ПРЕМИЕРАТА

Њујорк, (НМЕ)

Новата серија за Жан-Лук Пикард, еден од капетаните на вселенскиот брод „Ентерпрајс“ од „Ѕвездени патеки“, конечно доби датум на излегувањето. Си-Би-Ес објави дека „Ѕвездени патеки: Пикард“ ќе почне да се емитува на 23 јануари 2020 и таа ќе ги следи неговите авантури после „Ѕвездени патеки: следната генерација“.

Патрик Стјуарт се враќа во улогата на Пикард по 18 години. Тој прво го играше овој лик од 1987 до 1994 година во седум сезони од „Ѕвездени патеки“, а се појави и во четири филма од оваа франшиза.

„Ѕвездени патеки: Пикард“ ќе има десет епизоди. Во неа, Пикард води мирен пензионерски живот во својот виноград пред повторно да го повикаат во службата.