„ВИА ДИНАРИКА“ НА СЕРГЕЈ ГЕОРГИЕВ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА НА ОТВОРАЊЕТО НА ЕХО ФЕСТИВАЛОТ НА ПЛАНИНСКИ ФИЛМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Документарецот на Сергеј Георгиев „Виа Динарика – македонската авантура“ вечерва ќе ја има својата премиера во кино Милениум, на отворањето на 10. издание на фестивалот на планински филм ЕХО, што ќе се одржува до 1 ноември.

Насловот на филмот доаѓа од патеката долга 2.000 километри, што се протега долж Динаридите, поврзувајќи ги Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Албанија. Филмот следи четири лични авантуристички приказни испреплетени на Виа Динарика во Северна Македонија, поврзани меѓусебно преку нивната љубов кон природата, планините и традицијата и нивната страст да го споделат тоа со светот.

Директор на фотографија е Самир Љума, кој беше награден за „Медена земја“ на фестивалот Санденс, а монтажата е на Андреј Ѓорѓиевски и на режисерот Георгиев.