„ДЕСОНАНЦ“ ПО 11. ПАТ ЈА ПРОМОВИРА СОВРЕМЕНАТА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот на современа електронска музика „Десонанц“ вечерва го отвора своето 11. издание, кое ќе има петдневна програма и ќе обедини повеќе уметнички жанрови и музички стилови.

На отворањето во кино Фросина настапи во живо ќе имаат Марија Божиновска Џонс и американско-француското дуо „Шада тум“, додека утре во Музеј на Град Скопје десет години постоење ќе одбележи домашната издавачка куќа „Амплидајн ефект“.

Среда е посветена на филм, па во Музеј на Град Скопје ќе биде прикажан немиот филм од 1920 година „From Morn To Midnight“, по што Ти-Скејл, Оги и Кроном во живо ќе ја изведат модерната верзија на саундтракот.

В четврток и петок ќе има журки во клубот „Минус 1“ со Германците Пилока Крах и Саша Функе, Ти-Скејл од Белгија и со домашните диџеи Ивана Драгшиќ и Марчин.

Дел од фестивалот ќе биде и мултимедијално-танцовиот перформанс на Ивана Коцевска „Кинтсуги“, што ќе се изведе на 11 декември во Денсинг салата на Младински културен центар.