ЏО ПЕШИ СВИРЕЛ ВО ИСТА ГРУПА СО ЏИМИ ХЕНДРИКС, А СЕГА СНИМИ АЛБУМ ПО 21 ГОДИНА

Њујорк, (Ролинг стоун)

Откако Мартин Скорсезе го наговори да сними филм по девет години, холивудската легенда Џо Пеши сега им се враќа и на своите музички корени.

Седумдесет и шестгодишниот оскаровец најави дека на крајот на месецов ќе излезе негов нов албум, прв по 21 година пауза и вкупно трет. И додека „Ирецот“ ќе биде на редовниот репертоар на „Нетфликс“ од 27 ноември, два дена подоцна излегува и албумот на Пеши, насловен „Пеши… сѐ уште пее“ (Pesci…Still Singing). Како најава на албумот со 13 песни, тој го објави синглот „Девојче“, на кој гостува Адам Левин, фронтменот на „Марун 5“.

Пред да стане актер, Пеши имал музичка кариера и првиот албум го објавил во 1968 година. Претходно свирел гитара и пеел во неколку групи, од кои најпозната е „Џои Ди енд Старлајтерс“, чиј член едно време бил и Џими Хендрикс.