„Ферари“ го претстави својот петти нов модел во 2019, именувајќи го според главниот град на Италија.
„Рома“ е проширено спортско купе, што значи дека зад двете седишта има уште малку простор.
„‘Рома‘ нѐ враќа 60-ина години во минатото, во стилот на живот каков што тогаш владееше на улиците на Рим“, велат од „Ферари“.
Тежок само 1.570 килограми, 70% од деловите на „рома“ се нови. Под предниот капак се наоѓа В8 3.9-литарски турбо мотор со 611 коњски сили, што овозможува забрзување до 100 километри на час за 3,4 секунди и максимална брзина од 320 км/час.
„Ферари“ не ја објави цената, но се очекува да биде околу 200.000 евра кога ќе почне да се продава следното лето.