МАКЕДОНСКИ НОСИИ ВО СОВРЕМЕН ДИЗАЈН ИЗЛОЖЕНИ ВО СПЛИТ

Сплит, (СМАРТ СДК.МК)

Во просториите на друштвото „Македонија“ во Сплит се отвори изложба на традиционална македонска народна носија во современ дизајн. Изложените носии се изработени од велешанката Благородна Донева, а изложбата беше во рамките на 28. Денови на македонската култура во Сплит. Донева се претстави со 21 носија, 15 женски и шест машки.

Изложбата беше во рамките на 28. Денови на македонската култура во Сплит

„Среќна сум што и јас како ракотворец и етнотворец на македонски рачни изработки се претставувам во Хрватска. Ова е можност за нас творците да ги презентираме македонската култура, културно-историското наследство и современото творештво меѓу Македонците кои живеат во Сплит и Далмација“, рече Донева.

Ова беше нејзината 21. самостојна изложба на ракотворби.

П. ПЕЧКОВ