„КОЛДПЛЕЈ“ НЕМА ДА НАСТАПУВА СЀ ДОДЕКА НЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ КАКО ДА НЕ СЕ ЗАГАДУВА НА КОНЦЕРТИТЕ

Лондон, (АФП)

Фронтменот на „Колдплеј“ Крис Мартин рече дека групата ги одложува плановите за турнеја и промоција на новиот албум, бидејќи се загрижени за еколошките ефекти на концертите.

Новиот албум „Секојдневен живот” излезе вчера, но членовите одлучија да имаат само два настапа, и тоа во Аман, главниот град на Јордан, што ќе се пренесуваат бесплатно на Јутјуб. Тие ќе свират на изгрејсонце и на зајдисонце.

Мартин изјави дека ја избрале земјата од Југозападна Азија затоа што „се наоѓа на средината на светот“ и оти е регион во кој што не добиваат често можност да настапуваат.

„Во наредните една или две години нема да настапуваме и ќе работиме на тоа да бидеме одржливи и активно корисни. Ако одлучиме да патуваме, се надевам дека турнејата ќе биде целосно јаглеродно неутрална. Најтешкото нешто се летовите. Наш сон е да имаме концерт на кој нема да се користи пластика и ќе биде снабден преку сончева енергија“, рече пејачот.