Информации поврзани со ризикот од пренос и заштитата од ХИВ граѓаните може да дознаат и на мобилната андроид апликација Направи ХИВ тест, велат од здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
„Преку неа може да се информираат за сите локации низ земјата каде што може да се направи бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ. Апликацијата може бесплатно да се преземе на Google Play“, велат од ХЕРА.
Здружението најавува дека од денес до следниот петок во Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам” на Водно ќе биде достапно бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој работен ден од 17 до 21 часот и за време на викендот од 11 до 15 часот.
Европската недела на тестирање за ХИВ кон која, веќе шеста година по ред се приклучува ХЕРА, ќе се одржува под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“. и поддршка.
Европската недела започнува денес, со настанот „Минус или плус – се живее со секој статус“ кој се организра во соработка со здружението Заедно посилни, од 19 часот во кафе-бар Котур. Настанот е од отворен карактер, а ќе се состои од проекција на неколку кратки видеа со лични приказни за животот со ХИВ и разговори околу нормализирање на разбирањето за ХИВ денес.