Вечерва во 19 часот, во Ликовниот салон на МАНУ ќе се отвори изложбата на сликарот Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт“, а во фокус се птиците.
Масин последен пат изложуваше во април годинава, во галеријата „Акантус“, кога се претстави со еден вид мала групна изложба, насловена „Од кујната на Масин“.
Масин (56) вели дека со годините сè повеќе ужива во работата.
„Не е лесно да бидеш невработен сликар во ваква мала држава каде што постојано има превирања. Не ми е целта да се допаднам, туку сакам прво мене да ми е ќеф, на пријателите, а потоа е судот на јавноста. Сега сум поопуштен и можам да си го дозволам тоа“, додава Масин.