Издавачкиот центар „Три“ го објави новиот роман на академикот Митко Маџунков, „Правта на библиотеките“.
Книгата е дел од познатиот „белградски“ циклус романи на Маџунков, кои се случуваат од сабота до понеделник во мај 1986, а чие дејство опфаќа подолг временски период (годините пред распадот на Југославија, па до разнебитувањето на Македонија). Циклусот започна со романот „Времето на ирвасите“, па следуваа „Птиците од ланските гнезда“ (добитник на наградата Роман на годината), „Непостојната книга“ и сега „Правта на библиотеките“, а целината ќе се заокружи со „Времето пред приказната“, чие објавување е планирано за 2020.
Како една заокружена приказна, романот говори за светот како пародија на сопствените вредности, базиран врз фалсификати наспроти злоупотребените оригинали, најавува издавачот.