ЏАЈКОВСКИ ОБЈАВИ ВТОР СПОТ ЗА ПЕСНА ОД „ВРБА“, ФИЛМОТ НАСКОРО СИ ОДИ ОД ДОМАШНИТЕ КИНОСАЛИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кирил Џајковски објави втор спот за песна од новиот филм на Милчо Манчевски, „Врба“. По „Ред сафари“, тој ја промовираше песната „Врбина зора“ (Willow Dawn), во која, како што вели, го претопил „Тешкото“ во еден модерен ритам.

„Идејата за ‘Врбина зора‘ тргна од Милчо, кој предложи да се проба некоја модерна верзија на ‘Тешкото‘. Јас имав една идеја во амбиентален трип-хоп манир, па се обидов да ги поврзам двете теми. Од таа комбинација излезе интересен спој на зурла и електроника“, вели Џајковски.


Врба“ продолжува да ги урива рекордите на гледаност во Македонија и досега имал над 26.000 гледачи. Во таа насока, од продукцијата ги повикуваат гледачите да побрзаат да го гледаат филмот бидејќи наскоро си оди од македонските киносали и ќе продолжи на светските филмски фестивали и кинодистрибуција.

Наскоро излегува и саундтракот за филмот.

„Врба имаше светска премиера на 19 октомври на фестивалот во Рим, а минатиот месец беше прикажан и на фестивалите во Тајпеј и Талин, каде што медиумите го препорачаа како „еден од петте филмови што треба да се гледаат“.