БАЛЕТОТ СЛАВИ 70 ГОДИНИ СО ИЗЛОЖБА И ГАЛА КОНЦЕРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот Балет слави 70 години од основањето со изложба и гала балетски концерт, кои се најавени за вечерва во Националната опера и балет (НОБ).

Во 19 часот во фоајето на НОБ ќе се отвори изложбата „Живот во движење“, која ќе ја претстави архивата за развојот на Балетот низ годините. Идејата и реализацијата на изложбата се на балерината Наташа Јосифовска.

На концертот ќе настапат првенците на Балетот и целиот балетски ансамбл, како и гости од Берлинскиот балет, Хрватска и од Словенија.

„Приказната што почна во 1949 треба секогаш да ја негуваме и воздигнуваме на повисок пиедестал. Со солистите и целиот ансамбл направивме убав колаж. Цела година беше во знакот на јубилејот, а ова ќе биде круната“, вели уметничката директорка на Балетот, Олга Панго.