ГРАДСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР СО НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ ВО КИНО ФРОСИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва од 19 часот во киното Фросина, традиционален Новогодишен концерт ќе одржи Градскиот дувачки оркестар на Младински културен центар (МКЦ).

Меѓу другите, ќе се изведат хитови од Френк Синатра, групите „Јуроп“ и „Идоли“ и Влатко Стефановски, јужноамерикански класици, а за крај е најавен „Радецки марш“ од Јохан Штраус.

Влезот е слободен.