НАЈГОЛЕМИОТ ЦВЕТ НА СВЕТОТ ПРОНАЈДЕН ВО ЏУНГЛА ВО ИНДОНЕЗИЈА, НО ЖИВЕЕ САМО ЕДНА НЕДЕЛА

Џакарта, (Си-Ен-Ен)
WEST SUMATRA, Jan. 1, 2020-- An official measures a rafflesia flower at Maninjau Forest Conservation in Agam region, West Sumatra, Indonesia, Dec. 31, 2019. (Photo by Ardi Mardiansyah/Xinhua via Getty)

Рафлезија често се нарекува „чудовиштен цвет“ поради своите паразитски димензии и одбивна смрдеа и индонезиски истражувачи сега го пронајдоа неговиот најчудовиштен примерок.

Овој светлоцрвен цвет кој испушта мирис на месо што се распаѓа процути во распон од 117 сантиметри во џунгла во Западна Суматра и тамошните истражувачи велат дека тоа е најголемиот цвет досега пронајден.

Рафлезија нема ни корен, ни листови, туку е паразитско растение

„Во 2017 пронајдовме ваков цвет со дијаметар од 107 сантиметри. Ова е најголемиот од 31 вид рафлезија што постојат низ светот“, вели конзерваторот Аде Путра.

Ова растение нема ни корен, ни листови, туку е паразитско. Рафлезија се храни со растението-домаќин на кое што живее, црпејќи ги неговите хранливи состојки и вода. Таа е видлива дури откако ќе се пробие низ растението-домаќин и ќе ги открие своите цветови. Отворената „уста“ на цветот испушта непријатен мирис, сличен на распаднато месо, што привлекува муви и други инсекти.

Сепак, колку и да е голема, животниот век на рафлезијата е многу краток. Нејзината „уста“ останува отворена само една недела, по што се распаѓа и умира.