Француските „жолти елеци“, војниците и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беа едни од поатрактивните маски на годинашниот Вевчански карневал, кој традиционално се одржува во чест на празникот Василица.
Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите на Балканот и се верува дека е стар 1.400 години. Во 1993, официјално стана дел од Светската федерација на карневалски градови.
„Апелирав маскарите да се воздржат од ликови и креации со кои би навредиле нечии чувства од верска, национална, или етничка природа“, изјави претходно градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски.
Карневалот завршува утре со традиционалното палење на маските.
Фото: Ѓ. Личовски