ИСТОРИСКИОТ УСПЕХ НА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ИНСПИРАЦИЈА ЗА УМЕТНИЦИТЕ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Историскиот успех на македонскиот документарец „Медена земја“ со двете номинации за најпрестижната филмска награда Оскар ги поттикна македонските уметници на свој начин да го прослават успехот.

Според галеријата што ја креираше „Радиомоф“, уметниците како Васил Шемко, Ристо Аврамовски, Бане Кома, Зоран Кардула, Теано Кардула, Николина Огненовска, Ѓорѓе Јовановиќ, Милчо Велјановски, Стефанија Бетоска, Андреј Павлов и Ана Стојановска преку илустрации го одбележаа успехот на македонската кинематографија.

Васил Шемко

Академијата за филмска уметност и наука вчера објави дека филмот на Тамара Котевска и Љубо Стефанов е номиниран во две категории: најдобар документарец и најдобар странски филм. Оскарите по 92. пат ќе се доделат во Холивуд на 10 февруари.

Теано Кардула
Ристо Аврамовски
Ѓорѓе Јовановиќ
Ана Стојановска
Небојша Гелевски-Бане
Андреј Павлов
Милчо Велјаноски