Бред Пит и неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон синoќа во театарот Шрајн во Лос Анџелес заедно ги прославија наградите што ги добија од Здружението на филмски актери (САГ).
Пит ја освои наградата за најдобра споредна улога за филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, а пак главната улога во „Утринско шоу“ на Анистон ѝ ја донесе наградата за најдобра актерка во серија-драма.
Холивудските медиуми со големо внимание ги проследија моментите кога тие ги примаа наградите, односно како се гледаа еден со друг и си честитаа.
Тие беа во брак од 2000 до 2005, по што Пит ја почна врската со Анџелина Џоли. Нивни пријатели велат дека откако се сингл изминативе години, го обновиле пријателството и имаат голема почит еден за друг.
„Не ми се верува дека овој месец ни ги даде Хари и Меган и Бред и Џен“, беше еден од коментарите на Твитер.