Познати се првите учесници на 19. издание на Офф-фест, што оваа година ќе се одржи од 2 до 6 јуни и тој на македонската публика повторно ќе ѝ претстави различни музички поднебја и малку познати традиционални инструменти.
Фестивалот на 2 јуни ќе го отвори колаборативниот проект на дивата на португалско фадо Лина Родригеш и шпанскиот продуцент Раул Рефре.
Мајсторот на иранско кеменче и добитник на Греми Кајхан Калхор ќе настапи на втората вечер на 3 јуни, заедно со турскиот музичар Ердал Ерзинчан, виртуоз на баглама.
Третото потврдено име е каталонската пејачка Силвија Перес Крус, која во својот нов проект „Драма“ комбинира музика, театар, танц, филм, сликарство, фотографија и поезија.
Организаторите најавуваат дека наскоро ќе биде објавена комплетната програма на 19. Офф-фест.