АСТРОНАУТКА НА НАСА СЕ ВРАТИ НА ЗЕМЈАТА ПО РЕКОРДНО ДОЛГ ПРЕСТОЈ ВО ВСЕЛЕНАТА

Вашингтон, (Би-Би-Си)

Астронаутката на НАСА Кристина Кох вчера се врати на Земјата по рекордно долг непрекинат престој во вселената за жена.

Американката помина 328 денови во Меѓународната вселенска станица, надминувајќи ја својата сонародничка Пеги Витсон. Доколку останеше уште 12 денови, Кох ќе го урнеше апсолутниот рекорд поставен од Скот Кели во 2015/16 година.

„Пресреќна сум и обземена од емоции. Ми беше чест да одам по стапките на моите херои“, им кажа Кох на новинарите откако се приземји во Казахстан со руското вселенско летало „сојуз“.

Витсон останува астронаутка со најдолг престој во вселената, имајќи предвид дека таа беше на три мисии во периодот од 2002 до 2017 година.

За време на својата мисија, Кох свртела околу Земјата 5.248 пати и поминала вкупно 223 милиони километри, што е еднакво на 291 патување од Месечината до Земјата. Во октомври, таа и Џесика Мејр беа дел од првиот женски тим кој излегол на вселенска прошетка.