Романтичната драма „П. С. Те сакам“ со Хилари Свонк и Џерард Батлер, која заработи 156 милиони долари на светско ниво, ќе добие продолжение по 13 години.
Студиото „Алкон“ ги откупи правата за „Postscript”, продолжението на првиот роман на Сесилија Ахерн, и ќе го продуцира филмот заедно со „Блек лејбл медија“. Тие соработуваа и на филмот од 2007 година.
Продолжението ја следи Холи Кенеди седум години по смртта на сопругот, кога нејзината сестра ѝ предлага да сними подкаст со неговите писма.
Сѐ уште нема информации дали ќе игра истата екипа, чиј дел беа и Џефри Дин Морган, Кети Бејтс и Џина Гершон.