МАЛКУ ПОЗНАТА АВТОКОМПАНИЈА ОД КАЛИФОРНИЈА ЌЕ СЕ ПРОМОВИРА ВО ЖЕНЕВА СО ВИСТИНСКИ ЅВЕР

Лос Анџелес, (Мотор1)

Малку познатата автокомпанија од Калифорнија „Цингер“ најави своја голема промоција на претстојниот Автосаем во Женева, каде што ќе го покаже својот „ѕвер“ од 1.233 коњски сили.

Наречен „21Ц“, овој хиперавтомобил има хибриден погон и до 100 километри на час забрзува за 1,9 секунди.

Малку автомобили можат да се пофалат со вакво лудо забрзување и на листата се „тесла роудстер“ (1,9 секунди), „римац Ц2“ (1,85) и „аспарк оул“ (1,69). Разликата е што сите овие автомобили се целосно електрични, додека „21Ц“ има и мотор со внатрешно согорување.

Овој мистериозен модел е дизајниран и развиен во Лос Анџелес, каде што би требало и да се произведува. Кога и по која цена, засега не е познато.