КОРОНАВИРУСОТ ОД ИТАЛИЈА ПРИСТИГНА И ВО МАКЕДОНИЈА, ЗАРАЗЕНА 50-ГОДИШНА ЖЕНА, ДЕВЕТМИНА ВО ИЗОЛАЦИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Medical staff members, perform a medical check with a termal camera on passengers entering the country at the International airport Skopje, Republic of North Macedonia on 25 February 2020.Because of recent cases of corona virus in Italy, Macedonian Government decides to take stronger control on the borders crossing and prepare for any risk of getting the corona virus spread in the country.

Коронавирусот пристигна и во Македонија.

Министерството за здравство попладнево го потврди првиот случај на КОВИД-19 во земјава и порача дека едно заразено лице не претставува опасност за целото население и дека лекарските служби се подготвени моментално да реагираат ако има потреба.

  • Министерот Венко Филипче изјави дека е заразена 50-годишна жена од Скопје, која еден месец престојувала во Италија, била болна две недели, но таму не ѝ дијагностицирале коронавирус.
  • Таа пристигнала во Македонија во три часот утрово и веднаш била тестирана на Инфективната клиника, каде што моментално е сместена во изолација.
  • „Пациентката е на интензивна нега, односно во изолација од останатите болни, свесна е, ориентирана и дише слободно“, изјави д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.
  • Филипче вечерва кажа дека во домашна изолација се ставени и останатите осум патници и возачот на комбето, со кое заразената жена допатувала од Италија. Петмина од нив се од Струмица.
  • Новиот коронавирус првпат е идентификуван во кинескиот град Вухан на 31 декември и во меѓувреме се прошири во 40-ина земји.
  • Според последните информации, заразени се повеќе од 81.000 луѓе, а починале 2.766, од кои 2.715 во Кина. Следуваат Иран со 19 и Италија со 12 починати.
  • Стапката на смртност е 2% во епицентарот на заразата, кинеската провинција Хубеи, а на други места и помала.
  • Светската здравствена организација вели дека мнозинството нови случаи сега се надвор од Кина, но и натаму не планира да прогласи пандемија.
  • КОВИД-19 предизвикува пневмонија, а симптомите се кашлање, треска и проблеми со дишењето. Во тешки случаи доаѓа до откажување на органи.
  • Според досегашните искуства, најризична група се возрасни лица и оние кои веќе имаат сериозни здравствени проблеми, а во 80% случаи симптомите се благи.